Гвардиола: “Среќен сум со неуспесите, во ред е да грешиш!”

 

Објавено:

Минатата сезона беше тешка за фановите на Манчестер Сити, а откако со години беа доминантни на европската фудбалска сцена, нивниот тренер Пеп Гвардиола се соочи со големи критики за падот во играта.

Манчестер Сити доживеаја голем пад во резултатите во споредба со претходните сезони, па дури и едвај се пласираа во Лигата на шампионите за идната сезона.

Иако минатата година Пеп Гвардиола најави дека би сакал да направи пауза, во ноември 2024 година тој го обнови договорот за уште една сезона. Ова дополнително го зголеми притисокот врз него, а сега во неодамнешно интервју, тој изјави дека сè уште нема донесено конечна одлука за иднината.

“Знам дека после оваа магија со Сити ќе престанам, тоа е сигурно и одлучено. Повеќе од одлучено. Но, не знам колку време ќе престанам, дали тоа ќе биде година, две, три, пет, петнаесет… не знам. Но, ќе престанам кога ќе завршам со Сити, затоа што потребно ми е да се фокусирам на себе си и на моето тело”, рече тој во неодамнешното интервју за “GQ Hype Magazine”.

“Среќен сум за моите неуспеси. Ги сакам луѓето што не успеваат. Во ова општество сè мора да биде совршено, каде ја објавувате вашата храна на Инстаграм… ‘Видете колку е супер, колку сум среќен!’. Секој ден се очекува од нас да докажуваме дека сме среќни”, отворено зборуваше Пеп.

Извор: https://ca.sports.yahoo.com

“Секако дека сум тажен. Некогаш не успевам, губам. И? Кажете ми еден човек кој не го направил тоа. Она што е важно е да продолжите, да не се откажувате и да го правите она што треба. И од таа гледна точка, јас не се откажав. Работите тргнаа на лошо, резултатите беа полоши од што се надевав, но секогаш има нареден ден. Ќе пробам повторно. И во оваа година што следи, ќе направам подобро. Тоа е сè што е важно”, додава Гвардиола.

“Сакаме да се преправаме дека сме среќни секој ден. И тоа е огромна грешка. Јас попрво би им кажал на луѓето: ‘Тажен си? Тоа е во ред. Разочаран си? И тоа е во ред исто така. Ќе помине’. Исто како што ќе помине и среќата. Губиме, не зафркнуваат. Да си зафркнат е во ред. Ќе мора да живеете со тоа”, кажува Пеп во искреното интервју.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено