12.8 C
Skopje

Хамилтон без подиум во првите 10 трки за прв пат во 19 години

Објавено:

Седумкратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон, за прв пат во својата кариера ги заврши првите 10 трки од сезоната без ниту еден освоен подиум.

Британецот лани ја шокираше јавноста кога направи неочекуван премин од Мерцедес во тимот на Ферари, надевајќи се дека токму со тимот од Маранело ќе успее да дојде до рекордната осма шампионска титула.

Но, од стартот на сезоната до сега, црвената боја не му носи среќа на Хамилтон, па после цели 19 години, тој не успеа да дојде до првите три места на ниту една од првите 10 трки.

Извор: https://x.com/wearetherace

Најголемиот успех за Хамилтон сезонава беше тиумфот на спринт трката во Кина, но што се однесува до главните трки тој ниту еднаш не успеа да стигне до некоја од првите три позиции.

Според изјавите кој тој ги даваше за медиумите сезонава, не звучи оптимистички дека нешто би можело да се промени до крајот на оваа, па сите надежи се фокусирани за идната сезона кога ќе стапат на сила и новите правила за болидите.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено