Хасан Мустафа останува на чело на ИХФ, Македонија доби полноправно членство во Медитеранската конфедерација

Објавено:

На 40-тиот Конгрес на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ), кој се одржа во Каиро, д-р Хасан Мустафа доби нов четиригодишен мандат како претседател на светската куќа на ракометот. Египќанецот, кој е на оваа функција од 2000 година, победи убедливо со 129 гласови (73,3%), оставајќи ги зад себе Франц Бобинац (24 гласа) и Герд Буцек (20 гласа).

Бана нов прв потпретседател, Рап благајник

За нов прв потпретседател е избран Филип Бана од Франција, додека Ана Рап од Шведска е избрана за благајник без противкандидат. Ракометната федерација на Македонија му го честиташе изборот на д-р Мустафа, посакувајќи успешна соработка и развој на ракометот.

Македонија стана полноправна членка на Медитеранската конфедерација!

Уште една одлична вест пристигна од Каиро. На 7-миот конгрес на Медитеранската ракометна конфедерација, Македонија беше примена како полноправна членка. Досега нашата земја имаше статус на придружна членка.

Ова отвора врати за настап на нашите селекции:

  • Пионерките ќе играат на Медитеранскиот шампионат во Приштина (февруари 2026);
  • Кадетите ќе патуваат во Словачка (април 2026);
  • Сениорите ќе бидат дел од Медитеранските игри во Таранто, Италија (август 2026).

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено