Откако беше објавено дека ќе биде официјално разгледан инцидентот со извиците на навивачите на Њукасл кои пристигнаа на гостувањето на првиот натпревар со Астон Вила, тренерот на клубот излезе со изјава во нивна одбрана.
Имено, после последниот свиреж на судијата, гостинските навивачи почнаа да скандираат во врска со нивниот играч Алекснадер Исак, кој навистина ги налути навивачите со потезите со кои се обидува да исфорсира трансфер во Ливерпул.
“Има само едно алчно к**** во Њукасл”, викаа навивачите откако заврши натпреварот.
😡 “There’s only one greedy b******” from the NUFC end on full-time pic.twitter.com/gPhQhNQy4V
— Craig Hope (@CraigHope_DM) August 16, 2025
Тренерот на Њукасл, Еди Хау, го даде своето мислење во врска со навивањето: “Што и да се случи со Исак, нашите навивачи се однесуваа одлично, бидејќи го поддржуваа тимот додека игравме. Отсекогаш го правеле тоа неверојатно добро. Ако сакаат да кажат нешто после натпреварот, слободни се да го направат тоа”.
Сега сите очи се вперени во второто коло, кога Њукасл на домашен терен на Сент Џејмс стадионот ќе ја пречека екипата на Ливерпул.




