Легендата на Брајтон, Паскал Грос, се враќа на местото на успехот! Експертот за трансфери Фабрицио Романо го потврди трансферот со своето познато „Here we go“, откривајќи дека германскиот играч за врска го напушта Борусија Дортмунд и веднаш се приклучува на англискиот клуб.
Според информациите, Брајтон постигнал договор со Дортмунд за трансфер сума помала од 2 милиони евра, што е вистинска зделка за играч со неговото искуство и статус во клубот.
Легендарен статус на „Амекс“
Грос, кој го носеше дресот на „Галебите“ од 2017 до 2024 година, е еден од најважните играчи во модерната историја на Брајтон. Тој забележа вкупно 261 настап и постигна 32 гола за клубот, а двапати беше прогласуван и за играч на сезоната.
Иако во летото 2024 година се врати во Германија и потпиша за Дортмунд, каде имаше солидни настапи и забележа дури 10 асистенции во првата сезона во Бундеслигата, повикот за враќање во „вториот дом“ беше пресилен.
Грос се враќа во Премиер лигата како големо засилување за вториот дел од сезоната.



