Легендата на Тотенхем, Хеунг-мин Сон, вечерва и официјално беше претставен како новиот играч на фудбалскиот клуб од Лос Анџелес.
Клубот од МЛС лигата во САД, на социјалните мрежи го објави видеото со кое го најави неговото доаѓање, облечен во црно-златниот дрес со бројот 7.
Тие објавија дека потпишале договор со Сон до 2027 година, со можност за продолжување на истиот до јуни 2029 година, доколку двете страни се задоволни од соработката.

Според информациите, трансферот бил вреден 23 милиони долари, а со бонусите ја достигнува сумата од 26.5 милиони долари, со што стана најскапиот трансфер во МЛС лигата.
“Сони е глобална икона и еден од најдинамичните и најостварени фудбалери во светот на фудбалот”, изјави генералниот менаџер на клубот, Џон Торингтон.
Јужнокорејскиот фудбалер е последен во низата фудбалери кои пристигнаа во овој летен трансфер период во МЛС лигата, а меѓу другите е и Томас Милер кој денес беше претставен како нов играч на Ванкувер Вајткепс, тим од Канада кој игра во американската фудбалска лига.
A new era begins in Black & Gold. pic.twitter.com/en416SNl6c
— LAFC (@LAFC) August 6, 2025
— LAFC (@LAFC) August 6, 2025



