Холивудски перформанс на Верстапен пред Киану Ривс

 

Објавено:

Иако веќе не се бори за шампионската титула, барем што се однесува до реалните шанси, тоа не го спречи Макс Верстапен и понатака да вози како вистински шампион и со феномален круг да ја земе пол-позицијата во Силверстоун.

Ова доаѓа како вистинско изненадување со оглед на проблемите кои ги имаше болидот на Ред Бул во текот на првите тренинзи, но Верстапен уште еднаш докажа дека неговиот талент преовладува дури и кога техничките перформанси на болидот не се на високо ниво.

Извор: https://x.com/F1

Зад него денес се најдоа двата шофери на Мекларен, Оскар Пијастри и Ландо Норис кои се во борба за шампионската титула. Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, кој има досега одлични резултати на својата домашна патека, во еден момент изгледаше како кандидат за освојување на првата пол-позиција во црвениот болид, но сепак на крајот се најде само на петтото место, зад поранешниот колега Џорџ Расел од Мерцедес.

Инаку денес на патеката во Силверстоун имаше бројни ѕвезди, меѓу кои Киану Ривс и фудбалската легенда Жозе Мурињо.

Извор: https://x.com/F1
Извор: https://x.com/F1
Извор: https://www.facebook.com/ScuderiaFerrari
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено