Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ успеа да се пласира во третото коло, откако денес го совлада домашниот фаворит, Британецот Џек Дрејпер.
Дрејпер кој е четврти на АТП листата, важеше за еден од фаворитите не само на овој меч, туку и за освојување на шампионската титула, но сметките “му ги помати” 36 годишниот Чилиќ.
Хрватот победи со 6-4, 6-4, 1-6, 6-4 во сетови, што е извонреден резултат ако се земе во предвид дека тој отсуствуваше од Вимблдон уште од 2021 година, поради операција на коленото.

Со ова тој уште еднаш покажа дека и покрај годините, има неверојатна сила и издржливост да одигра силен натпревар, особено на терените со трева.
Дрејпер се приклучи на другите фаворити кои неочекувано испаднаа уште на самиот старт на овогодинешниот престижен тениски турнир. Неодамна тој изгуби во финалето на Квинс турнирот, исто така пред домашна публика, по што изјави дека неговиот фокус е Вимблдон.
Иако јавноста, а и самиот тој имаа големи очекувања од овој турнир, сепак Дрејпер ќе мора да почека за голема сензација на домашен терен.
Upset alert
Croatia’s Marin Cilic stuns Jack Draper 6-4, 6-4, 1-6, 6-4 to knock the No.4 seed out of The Championships 2025 #Wimbledon pic.twitter.com/rZP6NQjWRy
— Wimbledon (@Wimbledon) July 3, 2025



