Поранешниот голман на Тотенхем и сегашен на Лос Анџелес, Хуго Љорис, пред денешниот натпревар во рамките на Светското клупско првенство призна дека шансите неговиот тим да дојде до победа против Челси се навистина минимални.
Лос Анџелес, тимот кој е дел од МЛС лигата, вечерва ќе го одигра својот прв натпревар на ФИФА првенството, а како прв противник ќе им биде силниот Челси кој доаѓа од Премиер лигата.

“Ние немаме што да изгубиме, особено против клуб како Челси. Сакаме да се натпреваруваме, сакаме да дадеме сè од себе, иако знаеме дека шансите ни се многу мали. Но, сакаме да ги направиме нашиот клуб и навивачи горди на нас”, изјави Љорис кој потпиша за американскиот клуб во 2024 година.
Тој додаде дека мора да го задржат фокусот на највисоко ниво за мечот во Атланта и да бидат свесни за поинтензивната игра која ќе ја игра англискиот клуб, во споредба од нивните стандардни противници во фудбалската лига во САД.
Доколку сакате да гледате уште една битка на Давид vs. Голијат во рамките на ФИФА Светското клупско првенство, прочитајте го нашиот водич за како бесплатно да ги следите натпреварите. Кликнете тука за детални информации.
Bringing the World’s City to the World Stage.
Narrated by our Captain, Aaron Long.
🆚 @ChelseaFC
🖥️ @DAZNFootball
🎧 https://t.co/YpxvW8B2il pic.twitter.com/CeWfrLBkRN— LAFC (@LAFC) June 16, 2025


