И Барса со видео порака за пензијата на Ракитиќ

Објавено:

Вчера пишувавме за легендарниот хрватски фудбалер, Иван Ракитиќ, кој реши да стави крај на својата богата кариера и да му каже збогум на фудбалот, барем што се однесува на играњето на терен.

Тој беше голем дел од успесите на Барселона, па Каталонците на социјалните мрежи објавија видео од сите заеднички моменти.

“На фудбалот ќе му недостасуваш, Иван. Ти посакуваме сè најдобро во новото поглавје од твојот живот”, напишаа тие покрај фотографијата од Ракитиќ со сите освоени трофеи со Барса, а покрај видеото додадоа: “Тоа беше легендарно патување. Ти благодариме за сите убави моменти”.

Погледнете го видеото на Барса, а ако сакате да прочитате повеќе за кариерата на еден од најдобрите хрватски, но и светски фудбалери, прочитајте на нашата статија на следниов линк: https://bit.ly/44yDuEH

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено