И грофот влезе во „рингот“: Најдоски брутално по Ангеловски – „Со години ја рушиш атмосферата, нека ти служи на чест!“

Објавено:

Македонскиот фудбалски земјотрес не стивнува. По прес-конференцијата на Омерагиќ и жестокиот одговор на Ангеловски, со своја реакција се јави легендарниот Илија Најдоски. Човекот кој е синоним за борбеност и успех, не штедеше зборови за поранешниот селектор, обвинувајќи го за лични фрустрации и опструкции.

„Ангеловски со години е фактор на немир“

Најдоски смета дека однесувањето на Ангеловски не е новост, туку продолжување на една пракса која траела и додека Благоја Милевски бил на чело на националниот тим.

„Начинот на кој Ангеловски повторно настапува само потврдува дека со години бил фактор што ја нарушува атмосферата околу репрезентацијата. Истото го гледавме и во периодот на Милевски – наместо поддршка, имаше постојани опструкции и обиди за влијание. Тоа не и помага на Македонија“, вели Најдоски.

„Нè нарече стаорци? Тоа зборува за него!“

Еден од најтешките делови во реакцијата на легендата е одговорот на наводните навреди упатени од Ангеловски кон постарите генерации и фудбалските работници.

„Нека му служи на чест тоа што нас, кои сме дале многу за македонскиот фудбал, нè става во категорија ‘стаорци’. Тоа повеќе зборува за него отколку за нас. Искрено, тој не е име и презиме што заслужува моја реакција, но ова ја надминува секоја мера“, дециден е популарниот Гроф.

Репрезентацијата над поединецот

За Најдоски, во пресрет на баражот со Данска, најважно е единството, а не личните војни кои, според него, Ангеловски ги наметнува во јавноста.

„Македонскиот фудбал нема потреба од поделби и лични фрустрации. Потребна е почит, одговорност и поддршка. Репрезентацијата е над секој поединец и така мора да остане!“


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено