Крајот на сезоната на Гренд Слем турнирите ни донесе и промена на врвот на АТП листата. Алкараз се врати на тронот после пауза од две години, па Јаник Синер го изгуби првото место кое го држеше 65 последователни недели.
После поразот во финалето на Отвореното првенство во САД, Јаник Синер изјави дека ќе мора “да вежба повеќе за да не биде толку предвидлив во идните дуели со Алкараз”.
Покрај двајцата тенисери кои ги сменија своите места на АТП листата, на третото место сега за сега останува Александер Зверев, а огромен скок од три места има српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ кој сега е на четвртата позиција.
Ноле иако има 38 години успеа да дојде до полуфиналињата на сите големи турнири оваа сезона, што му го донесе и големиот скок, што е воедно и најголемо напредување во првите десет места.

Американецот Тејлор Фриц бележи пад од едно место и сега е на петтата позиција, а неговите сонародници Бен Шелтон и Џек Дрејпер го следат на листата на шестотто, односно седмото место.
Дрејпер доживеа повреда на УС Опен, поради која ќе мора да отсуствува од терените до крајот на годината, а тој бележи најголем пад од две места на новата листа.
На осмата позиција непроменето е местото на Алекс де Минор, а на деветтото место со скок од една позиција се искачи Лоренцо Мусети. Десетката ја заокружува Карен Качанов кој забележа пад од една позиција на новата листа.




