12.8 C
Skopje

И официјално – Цунода и Лосон ќе ги заменат местата во Јапонија

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

После неколкудневни шпекулации околу одлуката за кој ќе вози во првиот тим на Ред Бул за претстојната трка во Сузука, денес тимот и официјално ја потврди одлуката да ги ротира возачите, односно Јуки Цунода од вториот тим на Ред Бул, Виза Кеш Рејсинг Булс, да го замени својот колега Лијам Лосон како втор шофер до шампионот Макс Верстапен.

Оваа одлука доаѓа после лошите две изданија на Лосон на трките во Мелбурн и Шангај, каде младиот возач не се снајде во болидот кој се покажа како проблематичен за сите кои седнаа во него во изминатите сезони.

За Јуки ова ќе биде одлична можност да се покаже на домашната трка во Сузука, но останува прашањето дали тој ќе биде возачот кој ќе успее да го совлада болидот и да ги искористи неговите предности.

Овој потег многумина го оценија за ризичен за Ред Бул, бидејќи измената доаѓа по само две трки од стартот на сезоната, а останува и прашањето што ќе се случи понатаму доколку и Јуки не успее да држи чекор со Верстапен и да им донесе бодови на Ред Бул во борбата за наградата за механичари.

Извор: fb.com/OracleRedBullRacing
Извор: fb.com/OracleRedBullRacing

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено