Челси го потврди доаѓањето на холандскиот репрезентативец Јорел Хато од Ајакс, кој потпиша долгорочен договор со лондонскиот клуб до 2032 година. Талентираниот 19-годишен дефанзивец пристигнува во Премиер лигата како еден од најперспективните играчи во Европа, по извонредна сезона во редовите на амстердамскиот гигант.
“Пресреќен сум што сум тука. Долго размислував за иднината и сакав да го направам следниот чекор во кариерата. Челси беше вистинското место за тоа”, изјави Хато на своето официјално претставување.
Роден во Ротердам, Хато ја започнал својата фудбалска приказна во Спарта, но во 2018 година преминал во младинскиот систем на Ајакс. Само четири години подоцна, на 16-годишна возраст, дебитираше за првиот тим и стана трет најмлад играч кој некогаш настапил во Ередивизие за Ајакс. Истата сезона беше стартер во финалето на холандскиот куп – импресивен напредок кој навести што следува.

Минатата сезона, Хато одигра над 100 натпревари за Ајакс и беше постојан дел од првиот тим, главно како лев бек, но подеднакво сигурен и како централен дефанзивец. Тој ја доби и наградата “Јохан Кројф Талент на годината”, што се доделува на најдобриот млад играч во Ередивизие.
На 17 години, Хато стана најмладиот капитен на Ајакс во европски натпревар. Токму оваа зрелост и одлучност го одбележаа неговото кревање кон врвот. Секој важен чекор во неговата кариера бил внимателно обмислен: од заминувањето од Спарта на само 12 години, преку секојдневното патување со воз до Амстердам, до одбивањето на понуди од странство на 16 години за да остане и напредува во Ајакс.
“Во тој момент сè уште сакав да напредувам во Ајакс. Сега, три години подоцна, имам искуство, одиграв многу натпревари, и чувствувам дека е вистинско време за нов предизвик”, изјави Хато.
Хато веќе се пресели во Кобам, каде што ќе тренира со новите соиграчи и ќе се адаптира на животот во Премиер лигата. Тој признава дека заминувањето од Холандија не било лесно, но чувствува дека Челси е природен следен чекор.
“Се разбира, чудно е да се напушти сè во Холандија од луѓето, до играчите и културата. Но, чувствувам дека Челси е вистинското место за мене.”, додаде младиот талент.
Looking good. 😎🇳🇱 pic.twitter.com/0HvBc5aIDe
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 3, 2025



