Веќе некое време во фудбалските клубови се наговестуваше новиот број на дресот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, а денес клубот и официјално објави дека тој ќе ја носи легендарната “десетка”.
Дресот со број “10” долги години му припаѓаше на Лука Модриќ, кој неодамна реши својата кариера да ја продолжи во Милан, па бројката официјално стана слободна.
Сега францускиот фудбалер ќе има голема задача пред него – да го носи дресот кој донесе толку многу легендарни настапи за шпанскиот кралски клуб.
Покрај Модриќ и други легенди на клубот претходно ја носеа “десетката” на Реал Мадрид, а меѓу нив се Луис Фиго и Ференц Пушкаш.
Дел од фановите се надеваа дека нивниот нов миленик од младата генерација Арда Гулер ќе го носи дресот на неговиот идол Модриќ по заминувањето на Хрватот од клубот, но сепак од Реал се одлучија тоа да биде искусниот Мбапе.
