6.8 C
Skopje

“И тие и јас сакаме забава”: Како Милер го “уништи” Јунајтед

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Томас Милер е познат како еден од најголемите шегобијци во светот на фудбалот, а неговиот последен одговор на едно новинарско прашање е чисто злато. Легендата на Баерн Минхен уште еднаш докажа дека е мајстор за брутално искрени и комични моменти.

На прашањето дали некогаш размислувал за трансфер во Премиер лигата, Милер најпрво призна дека имало моменти кога идејата му била привлечна. Но, кога новинарот конкретно го праша за Манчестер Јунајтед, следеше легендарен одговор.

По кратка пауза, Милер со насмевка рече: “Мислите порано? Повеќе пати… или мислите сега?”

Кога новинарот потврди дека мисли на сега, одговорот беше брзо и јасно: “Не, не, не!”

Но, тоа не беше сè. Милер го “доврши” клубот со објаснувањето кое го освои интернетот:

“Јас не сум вистинскиот човек за нив, а тие не се вистинскиот клуб за мене… И тие и јас сакаме забава, па затоа не сме добар спој.”

Оваа кратка, но генијална и брутално искрена реакција совршено ја долови состојбата во која се наоѓа англискиот гигант и стана апсолутен хит. Погледнете го видеото и уживајте во мајсторијата на Томас Милер – и на теренот, и надвор од него.

Thomas Muller on why he can’t join Man United: “No no no… they wanna have fun, and I wanna have fun, so that’s not a [good] match.”
byu/Ripamon insoccer

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено