Ига Швјонтек е првата полуфиналистка денес на Вимблдон

Објавено:

Денот на победи на престижниот турнир го отвори полската тенисерка Ига Швјонтек, со победата над руската тенисерка Људмила Самсонова.

Швјонтек го доби мечот со 2:0, односно 6-2, 7-5 во сетови, со што стана третата полуфиналистка на Вимблдон.

“Искрено ова е одлично. Иако сум на средината на турнирот, после овој натпревар навистина се израдував што победив, па сум навистина среќна и горда на себе”, изјави таа после победата.

Таа во полуфиналниот меч ќе се сретне со една од тенисерките кои во моментов го играат другиот дуел, односно младата Мира Андреева и Белинда Бенчиќ.

Погледнете ја меч топката на Ига!

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено