Ига Швјонтек е шампионката на Синсинати

 

Објавено:

После Вимблдон, сега и круната во Синсинати и припадна на младата полска тенисерка, Ига Швјонтек откако синоќа ја совлада Италијанката Јасмин Паолини со 7-5, 6-4 во сетови.

Швјонтек со ова испрати јасна порака до своите ривали во пресрет на УС Опен дека веќе претставува сериозна закана за преземање на првото место на ВТА листата, каде после победата се врати на втората позиција.

Сега таа чекори сигурно кон намалување на разликата со водечката тенисерка, Арина Сабаленка, а клучен ќе биде и нејзиниот настап во Њујорк.

Извор: https://x.com/CincyTennis/

“Ви благодарам на сите, но најпрво на Јасмин. Се надевам дека ќе играме и во финалето на УС Опен за две недели. Ти благодарам што си толку позитивна личност, секогаш е одлично кога ќе те видам”, изјави Швјонтек после победата за нејзината ривалка.

Ига е првата тенисерка од Полска која успеала да го крене трофејот во Синсинати, од почетокот на Опен ерата, па таа испиша уште една страна во историјата на полскиот тенис.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено