Има ли нормален ден во клубот? Хакиран профилот на Бруно Фернандеш, се појавија пораки против сопствениците!

Објавено:

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, се најде во центарот на нов скандал откако неговиот профил на социјалната мрежа „X“ (поранешен Твитер) беше хакиран само неколку часа по поразот од Брајтон.

„Да се ослободиме од INEOS“

На профилот на Португалецот, кој го следат повеќе од 4,5 милиони луѓе, се појавија неколку шокантни пораки, меѓу кои и онаа: „Да се ослободиме од INEOS“. Оваа порака е директен напад врз компанијата на Сер Џим Ратклиф, кој е задолжен за фудбалските операции во клубот.

Пораката беше прегледана над 84.000 пати пред да биде избришана. Од Манчестер Јунајтед експресно потврдија дека профилот на нивниот капитен е компромитиран и ги предупредија навивачите да не реагираат на објавите или на директните пораки што пристигнуваат од тој профил. Хакерите не одолеаја и одговорија дури и на пораката од клубот: „Нема шанси! Веднаш ќе го раширам муабетот!“.

Меѓу другите твитови беа и оној за Кристијано Роналдо: „Кристијано се пакува веќе, не можам да лажам!“ и безброј други. Погледнете ги тука:

Солзи и немоќ на теренот

Овој инцидент доаѓа во можеби најтешкиот момент за клубот сезонава. Јунајтед е во серија од четири меча без победа, а вчерашната елиминација од ФА Купот (1-2 против Брајтон) ги остави навивачите бесни. Дарен Флечер, кој привремено го води тимот по отказoт на Рубен Аморим, не успеа да ја подигне екипата, а дебито на младиот Шеа Лејси заврши со солзи и црвен картон.

Кој е следниот на „жешкото столче“?

Додека хакерите си играат со профилите на играчите, раководството на Јунајтед е под огромен притисок во следните 48 часа да именува нов менаџер до крајот на сезоната. Оле Гунар Солскјер и Мајкл Карик остануваат главни кандидати за „гасење на пожарот“ кој се заканува целосно да ја уништи сезоната на „ѓаволите“.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено