10.8 C
Skopje

Интер Мајами и Палмеирас поминаа, Атлетико Мадрид отпадна од СП

Објавено:

И покрај победата над Ботафого, Атлетико Мадрид нè успеаја да обезбедат пласман во следната нокаут фаза, откако сите три тима на врвот на табелата се најдоа со ист број поени.

На Атлетико му беа потребни три голови за да ги поминат групите, но момците на Диего Симеоне едноставно не најдоа начин како да ја поминат бразилската одбрана, па дојдоа само до резултат од 1:0 што не беше доволно.

Со ова, Атлетико Мадрид станаа првиот европски клуб кој отпадна од ФИФА Светското клупско првенство, а ова е неславен рекорд и за ѕвездата Хулијан Алварез кому ова му е прв пат во кариерата да ја заврши сезоната без трофеј.

Извор: https://x.com/TouchlineX

Во другата група, Интер Мајами и Палмеирас одиграа нерешено со резултат 2:2 кој обезбеди билет за наредната фаза и за двете екипи.

Интер Мајами во следната фаза ќе се соочи со европскиот шампион и поранешен клуб на Меси, ПСЖ, додека Палмеирас ќе имаат бразилско дерби со Ботафого.

Резултатот помеѓу овие две екипи значеше испаќање на Ал Ахли и Порто и покрај тоа што и тие одиграа доста забавен натпревар со многу голови за конечен нерешен резултат од 4:4.

Уживајте во головите од двата натпревари.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено