Интер со Флуминесе, Дортмунд со Монтереј во нокаут-фазата

 

Објавено:

Европскиот Интер успеа да се извлече од групната фаза и обезбеди билет во групата од најдобрите 16 на Светското клупско првенство во САД. Тие на натпреварот кој по македонско време се одигра во раните утрински часови, успеаја да го совладаат другиот кандидат од групата за пласман понатаму – Ривер Плејт.

Во директниот судир Интер успеа два пати да погоди во голот, за конечен резултат од 2:0, со головите на Еспосито во 72′ и Бастони во 93′. Головите паднаа откако во 66′ минута играчот на аргентинскиот клуб Мартинез доби црвен картон, а натпреварот за Ривер Плејт заврши со двајца избркани играчи откако и Монтиел доби црвен картон во 95′.

Во другиот меч од групата Е, мексиканскиот Монтереј успеа со убедливи 4:0 да ги совлада Јапонците од Урава Ред. Голгејадата на Монтереј започна во 30 минута со голот на Деоса, а продолжи со двата гола на Бертераме во 34 и 97 минута и Корона во 39′.

Со овие резултати Интер и Монтереј си обезбедија пласман во нокаут-фазата и ги комплетираа двојките од вчерашниот ден, па во следната фаза Интер ќе се сретне со Флуминесе, а Монтереј со Борусија Дортмунт.

Погледнете ги сите голови од овие два натпревари…

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено