Исак се врати на тренинзи во Њукасл

 

Објавено:

Според известувањата на “SkySports”, Александер Исак денес се вратил на тренинг на терените на Њукасл, откако ја пропушти претсезонската турнеја поради наводна повреда.

Околу играчот и неговиот трансфер се зборува веќе цело лето, а неизвесноста од ден во ден предизвикува огромни тензии меѓу фановите на клубот. Според информациите, Исак идната недела ќе се сретне со Еди Хау за да разговара за неговата иднина, откако првичната понуда од Ливерпул беше одбиена од страна на клубот.

Играчите на Њукасл денес се вратија од турата во Сингапур и Кореја, па на нив им бил даден слободен ден за одмор, додека Исак тренирал сам.

Информациите пристигнуваат откако претходно беше објавено дека тој тренира на терените на својот поранешен клуб Сосиедад, што предизвика огромен револт кај навивачите на “црно-белите”.

Дали Александер Исак кој беше миленик на публиката ќе се врати пред своите навивачи на Сент Џејмс останува да видиме, а на само недела дена до враќањето на натпреварите во Премиер лигата, тензијата од неизвесноста само расте од ден во ден.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено