Исланѓански шутер доаѓа во Скопје: Тордарсон е нов играч на РК Алкалоид

 

Објавено:

РК Алкалоид продолжува со засилувањата за новата сезона. Улфар Пал Монси Тордарсон, еден од најпродуктивните ракометари од минатата сезона во ЕХФ Европската лига, од денес е нов член на “синиот” табор.

25-годишниот Исланѓанец доаѓа од редовите на Валур, клуб со кој блескаше на европската сцена и се истакна како еден од најдобрите стрелци. За Тордарсон, трансферот во Скопје ќе биде прво интернационално искуство, откако претходно настапуваше и за исландските екипи Афтурелдинг и Стјарнан.

Тимот на Кире Лазаров со овој потег добива искусен бек со силен шут и голгетерски инстинкт, профил кој ќе биде клучен за настапите во Европа оваа сезона.

Извор: https://www.facebook.com/rkalkaloid

 

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено