Натпреварот помеѓу Њукасл и Лидс Јунајтед (4-3) не беше само обичен премиерлигашки спектакл, туку вечер во која се препишуваше историјата. Крилото на „страчките“, Харви Барнс, стана нов рекордер на англиската елита откако го постигна најдоцниот победнички погодок откако се мери прецизната статистика во ова натпреварување.
Барнс ја затресе мрежата за комплетен пресврт и луда победа на својот тим во 101-та минута и 48-та секунда од мечот. Со овој гол, тој го симна од тронот Кол Палмер, кој го држеше претходниот рекорд од април 2024 година, кога погоди за Челси против Манчестер Јунајтед во 100-та минута.
Трка со времето и соборување на рекорди
Статистиката на „Опта“ потврдува дека Барнс и Палмер се единствените играчи во историјата на Премиер лигата кои успеале да постигнат победнички голови по истекот на 100-та минута. Интересно е што стадионот на Њукасл стана вистинско место за вакви драми, бидејќи само оваа сезона таму беа постигнати два од петте најдоцни победнички голови во историјата. Претходно во август, младиот Рио Нгумоха погоди за Ливерпул во 99-та минута за победа над Њукасл.
Иако голот на Барнс е најдоцниот за победа, апсолутниот рекорд за најдоцен гол воопшто во Премиер лигата сè уште го држи Оли Мекберни. Тој во јануари 2024 година постигна израмнувачки гол за Шефилд Јунајтед против Вест Хем во 102-та минута и 8-та секунда.
Harvey Barnes. 90+12.@NUFC ⚫️⚪️ pic.twitter.com/YRMrXRLZAI
— Premier League (@premierleague) January 8, 2026
Најдоцни победнички голови во Премиер лигата*
| Играч | Тим | Противник | Датум | Време (мин) |
| Харви Барнс | Њукасл | Лидс | 07.01.2026 | 101:48 |
| Коул Палмер | Челси | Ман. Јунајтед | 04.04.2024 | 100:41 |
| Дејан Кулушевски | Тотенхем | Шефилд Јун. | 16.09.2023 | 99:53 |
| Бруно Фернандес | Ман. Јунајтед | Брајтон | 26.09.2020 | 99:45 |
| Рио Нгумоха | Ливерпул | Њукасл | 25.08.2025 | 99:44 |
| Оливер Норвуд | Шефилд Јун. | Вулвс | 04.11.2023 | 99:17 |
*Статистички податоци од Opta (од сезоната 2006/07)
Лудилото на „Сент Џејмс Парк“ продолжува
Овој натпревар е само уште еден доказ за новиот тренд во англискиот фудбал каде судиските продолженија стануваат сè подолги, а драмите сè поневеројатни. Барнс со својот прецизен удар не само што му донесе три бода на Њукасл во овој трилер со седум гола, туку го обезбеди и своето место во аналите на најсилната лига во светот.
16-year-old Rio Ngumoha, Liverpool's newest hero! ❤️ pic.twitter.com/qwmUpIBHrI
— Premier League (@premierleague) August 25, 2025



