Валенсија испиша историја: Панатинаикос „изгоре“ за прв фајнл-фор на Шпанците!

 

Објавено:

Кошаркарска Европа доби нов дебитант во самата завршница на елитата. Во „мајсторката“ која одлучуваше за сè, Валенсија покажа заби и целосно го надигра Панатинаикос со убедливи 81-64, со што ја доби четвртфиналната серија со 3-2. Шпанскиот тим не само што обезбеди билет за својот прв Фајнал-фор, туку го направи тоа на доминантен начин, нанесувајќи му тежок пораз на атинскиот гигант.

Ова беше прва победа на домашен терен во целата серија, што само потврдува колку беше тешко да се скрши отпорот на противникот пред сопствената публика.

Дефанзивен бедем и клучни серии на „портокаловите“

Натпреварот започна нервозно и со цврсти одбрани на двете страни, а Валенсија успеа да ја добие првата четвртина со 14-10. Иако Кендрик Нан накратко го врати Панатинаикос во игра и им го донесе првото водство на гостите, одговорот на Валенсија беше брутален. Со две големи серии од 9-0 и 10-0, домаќините целосно го исфрлија противникот од ритам и заминаа на пауза со комотни 35-23.

Грчкиот состав се обиде да се врати по одморот со серија од 10-0, но Валенсија го имаше расположениот Бранку Бадио кој ги одби сите напади. Во последната четвртина, домаќините останаа максимално фокусирани и мирно го приведоа мечот до крај за историско славје.

Бадио лидер, Кит „челичен“ и со скршен нос

Бранку Бадио беше најефикасен кај победникот со 20 поени, но вистинското олицетворение на карактерот на оваа Валенсија беше Бракстон Кит. Иако играше со скршен нос, Кит не штедеше сили и запиша 12 поени и 6 скока.

Одличен настап имаше и Џин Монтеро со 12 поени, 3 асистенции и 3 блокади, додека Кам Тејлор заврши со 9 поени, 5 асистенции и 7 скока. Кај разочараниот Панатинаикос, најрасположен беше Најџел Хејс-Дејвис со 15 поени, додека Џериан Грант подели 10 асистенции.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено