На почетокот на 20-от век, фудбалот во Брајтон и Хоув бил приказна за постојани почетоци и брзи краеви. Првиот професионален клуб, Брајтон Јунајтед, бил формиран во 1897 година, но по само две сезони згаснал. Набргу потоа се појавил Брајтон и Хоув Рејнџерс, кој исто така имал краток век и исчезнал брзо од сцената.
Во тој круг на обиди и неуспеси се појавил човекот кој одбил да се откаже – Џон Џексон, поранешниот менаџер на Јунајтед. На 24 јуни 1901 година, во пабот “Seven Stars”, тој собрал група локални ентузијасти и го формирал новиот клуб Брајтон и Хоув Јунајтед. Но, името предизвикало проблеми. Клубот Хоув ФК протестирал дека зборот “Јунајтед” создава впечаток за спојување, па така било избрано новото име – Брајтон и Хоув Албион.
Клубот започнал да игра во сини “рибарски” дресови и бели шорцеви, играјќи на “Каунти Граунд” пред да се пресели на легендарниот “Голдстоун Граунд” во 1902 година, каде остана цели 95 години. За многумина, тој стадион беше втор дом. Кога во август 1997 година се одигра последниот натпревар, дел од навивачите понесоа делчиња од трибините како спомен на едно цело фудбалско време.
Албион е клуб кој не само што преживеал, туку и изградил силен идентитет. Нивните препознатливи сини и бели линии се одраз на морето и градот што живее со него. Иако низ годините имало разни експерименти со дизајнот, дури и костуми со пруги од глава до пети во 90-тите, традицијата секогаш се враќала.
И нивниот грб ја следел таа еволуција. Од хералдички симболи и делфини, до новиот знак што денес е познат во целиот свет – галебот. Приказната вели дека во 1970-тите, кога навивачите на Кристал Палас извикувале “Орли!”, Брајтон одговорил со својот препознатлив повик “Галеби!”. И така, новиот симбол се родил.
Галебот станал симбол на отпор, на локален дух и на верност кон морето. Од “Голдстоун”, преку “Гилингем и Видин”, до денешниот “Американ експрес” стадион, клубот ја носи својата приказна за упорност и вера.
Она што започнало во еден паб во 1901 година, денес е модерна фудбалска бајка. Приказна за опстанок, идентитет и гордиот лет на Албион.
Доколку сакате да ги прочитате и претходните статии од нашиот серијал “Историјата на сите клубови од Премиер лигата”, кликнете на линковите подолу: