14.8 C
Skopje

Историски деби за Даниела Алексовска во полу-профи ММА!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската ММА-ѕвезда во подем, Даниела Алексовска, вечерва (4 јули) ќе се соочи со најголемиот предизвик во својата кариера. На настанот АРМАДА 13 во Бачка Паланка, Србија, таа ќе го има својот прв полупрофесионален натпревар, со што ќе стане првата Македонка што достигнала вакво ниво во женскиот ММА спорт.

Противничка на нашата шампионка ќе биде поискусната и повозрасна Ирска натпреварувачка, Ева Круз (Éabha Cruise).

Извор: https://www.tapology.com/

Оваа борба доаѓа по неверојатната година за 19-годишната Алексовска. Таа ја освои пошироката спортска јавност откако во февруари го освои златниот медал на Европското првенство на ИММАФ во јуниорска конкуренција, доминирајќи над своите противнички.

Нејзиниот профил покажува дека таа е вистински мајстор за боречки вештини. Како носител на кафеав појас во бразилско џиу-џицу (BJJ), нејзината најсилна страна се борбите на партер. Од нејзините 8 аматерски победи, дури 5 ги остварила со принудување на противничката да се предаде, користејќи различни техники како триаголник, армбар и кинбар. Нејзиниот импресивен скор (8-2) веќе ја рангира меѓу најдобрите борци во Европа на нејзина возраст.

Во пресрет на вечерашниот историски меч, Даниела изјави дека е свесна за предизвикот.

„Ова е мојот прв натпревар во полупрофесионална конкуренција, има поинакви правила, поинакви ракавици, ова е ново искуство. Противничката е поискусна од мене. Мислам дека ќе биде многу интересна борба, каде што ќе има дуел на два различни стила на борба“, вели Даниела.

Извор: https://www.instagram.com/mkdmmaf

Вечерашниот натпревар, кој ќе се пренесува на каналот Arena Fight, е повеќе од само борба. Тоа е чекор напред за македонскиот женски спорт и доказ дека со талент и напорна работа, границите не постојат. Цела Македонија вечерва ќе навива за Даниела Алексовска.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено