Италијанска драма, моќна Хрватска: Возбудливо коло во квалификациите за СП

Објавено:

Вчерашниот ден во европските квалификации за Светското првенство донесе вистински спектакл. Девет натпревари беа одиграни, а голови, пресврти и сензации имаше на сите страни.

Италија приреди натпревар за антологија, Косово испиша историја, а фаворитите како Швајцарија, Данска и Хрватска без проблеми чекорат кон врвот. Квалификациите влегуваат во клучна фаза и веќе станува јасно дека до крајот нè очекува вистинска драма.

Група Б

Косово 2-0 Шведска

Головите за Косово: Рексбечај (26′), Муриќи (42′)

Историска ноќ за Косово. Селекцијата предводена од Франко Фода стигна до својата втора победа во историјата на квалификациите за СП, совладувајќи ја фаворизираната Шведска со 2-0. Рексбечај и Муриќи беа хероите со головите уште во првото полувреме, додека во одбраната блескаше младиот Илир Красниќи кој не му остави простор на Виктор Ѓоќереш. И покрај црвениот картон во финишот, Косово издржа и испиша нова страница во својата историја.

Швајцарија 3-0 Словенија

Головите за Швајцарија: Елведи (18′), Еболо (33′), Ндое (38′)

Рутинска победа за Швајцарците кои без проблеми ја надиграа Словенија во Берн. Елведи го отвори резултатот, а Брил Емболо со уште еден гол ја потврди својата форма. Третиот погодок го постигна Ндое, па уште до полувремето беше решен натпреварот.

Група Ц

Белорусија 0-2 Шкотска

Головите за Шкотска: Адамс (43′), Автогол Волкау (65′)

Шкотите конечно ја запишаа првата победа во циклусот. Че Адамс погоди во вистински момент пред полувремето, а во вториот дел несреќниот Волкау си постигна автогол. Тимот на Стив Кларк ја задржа контролата до крајот и носи важни три бода.

Грција 0-3 Данска

Головите за Данска: Дамсгард (32′), Кристенсен (62′), Хојлунд (81′)

Во Атина, Данците ја вратија самодовербата после лошиот старт со убедлив триумф. Дамсгард со мајсторски удар го отвори резултатот, Кристенсен погоди за 0-2, а Хојлунд во самиот финиш стави печат на победата. Грците не успеаја да се заканат и останаа без голови пред својата публика.

Група И

Израел 4-5 Италија

Головите за Израел: Автогол Локатели (16′), Перец (52′ и 89′), Автогол Бастони (87′)
Головите за Италија: Кин (40′ и 54′), Политано (58′), Распадори (81′), Тонали (90+1′)

Фудбалски спектакл во Дебрецен! Девет голови, драматични пресврти и победа за “аѕурите” кои блескаат под водство на Џенаро Гатузо. Двојниот стрелец Мојзе Кин беше во центарот на вниманието, а конечниот херој беше Сандро Тонали кој во 91-та минута ја закова топката во мрежата за конечни 5-4. Италија има максимални шест бода и влегува во сериозна трка за врвот.

Група Л

Хрватска 4-0 Црна Гора

Головите за Хрватска: Јакиќ (35′), Крамариќ (51′), Автогол Куч (85′), Перишиќ (90+2′)

Моќно издание на “коцкестите” кои лесно ја совладаа Црна Гора. Кристијан Јакиќ со вистински еврогол ја отвори серијата, Крамариќ погоди за 2-0, а автоголот на Куч и погодокот на Перишиќ ја заокружија убедливата вечер за Хрватска.

Гибралтар 0-1 Фарски Острови

Голот за Фарски Острови: Агнарсон (68′)

Фарските Острови го постигнаа минималниот, но голем триумф на гостувањето во Гибралтар. Агнарсон беше стрелецот кој донесе три бодa за селекцијата на Клакштајн, која останува во борба за висок пласман во групата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gibraltar FA (@gibraltar_fa)

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено