Изненадувачки потег: Жозе Мурињо отпуштен од Фенербахче

 

Објавено:

Португалскиот стратег Жозе Мурињо ја заврши својата тренерска приказна во турскиот гигант Фенербахче откако не успеа да се квалификува во Лигата на шампионите.

Мурињо помина само една сезона на тренерската клупа на клубот, а одлуката да го напушти клубот доаѓа после второто место во турската Суперлига со 11 поени зад шампионот Галатасарај, елиминацијата од Турскиот куп во четвртфиналето и излегувањето од Лига Европа по поразот од Ренџерс во осминафиналето.

Извор: https://x.com/Fenerbahce

Но, можеби најголемата капка која ја прели чашата е пропуштената шанса во Лигата на шампионите, после поразот во плејофот од Бенфика.

Прекинувањето на договорот на Португалецот доаѓа само неколку дена и откако ривалите од Истанбул, Бешикташ го отпуштија тренерот Оле Ганар.

Мурињо победи на 37 од 62-та натпревари на клупата, што е процент на победи од 59.7%. Во неговата богата тренерска кариера која трае повеќе од две децении, тој има освоено вкупно 26 трофеи низ сите поголеми Лиги.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено