- Advertisement -
- Advertisement -
Според најпознатиот новинар за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо, дефанзивецот на Манчестер Сити, Кајл Вокер, е пред изненадувачки трансфер во редовите на Барнли.
Романо, со својата позната фраза “Here We Go!”, објави дека сите детали се договорени. Станува збор за перманентен трансфер вреден до 5 милиони фунти, а Вокер веќе ги поминал лекарските прегледи и се согласил на двегодишен договор.
Иако сè уште се чека официјална потврда од клубовите, објавата на Романо се смета за сигурен знак дека овој неочекуван трансфер е пред реализација.