Извршниот директор на Ферари конечно прозборе за иднината

Објавено:

Од почетокот на сезоната во Формула 1 и уривањето на големите амбиции на Ферари кои имаа многу лош прв дел од сезоната, започнаа сè погласни да стануваат гласините за отпуштањето на главниот менаџер Фред Васер, како и за незадоволството на седумкратниот шампион Луис Хамилтон.

За време на викендот во Силверстоун, конечно се огласи и извршниот директор на Ферари, Бенедето Виња, откако италијанските медиуми почнаа да шпекулираат дека оваа сезона ќе биде последна за Васер на чело на тркачкиот тим.

Во изјава за италијанскиот “Sky Sport” Виња го ублажи притисокот и ја потенцираше силната поврзаност во тимот: “Јули е, има време. Разговараме. Сме со Фред. Баш сега ручавме заедно”.

Овие зборови доаѓаат по огорчената реакција на Васер, кој пред неколку недели ги осуди гласините како штетни и навредливи: “Ова не е за мене, јас можам да се носам со тоа. Но, за тимот и нивните семејства е навредливо. Не го разбирам мотивот – можеби единствениот начин некои да се почувствуваат релевантни”.

Иако договорот на Васер истекува на крајот на сезоната, според Виња атмосферата во Ферари е позитивна.

“Тимовите растат кога заедно се соочуваат со предизвици. Го гледаме напредокот. Квалификациите беа одлични, а целата енергија што ја чувствувам тука ме полни со оптимизам”, изјави тој.

Иако иднината останува нејасна, пораката е јасна: во Маранело моментално владее сплотеност. Барем засега. Барем пред медиумите.

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено