Јаблонец му одржа лекција на Вардар (6-2), Чимбембе си замина!

 

Објавено:

Подготовките во Анталија донесоа тежок резултатски удар за ФК Вардар. Најтрофејниот македонски клуб вчера претрпе убедлив пораз од чешкиот прволигаш ФК Јаблонец со резултат 2-6 (0-4).

Сепак, она што повеќе загрижува од самиот резултат е вкупната слика околу клубот, од организациските пропусти, преку хаосот со Роџерс Мато, па сè до тивките заминувања на играчи кои беа најавувани како засилувања.

Лекција од Чешка: Фудбалска и маркетиншка

Чешкиот тим, кој е на 3-тото место во нивната силна лига, доминираше од првата минута. Јан Храмоста постигна хет-трик, а во листата на стрелци се запишаа и Сухан, Панталон и Пушкач. За Вардар, стрелци беа Омерагиќ и Николовски во финишот, кога противникот веќе го намали темпото.

Мора да се оддаде признание на ФК Јаблонец, не само за играта, туку и за начинот на кој еден прогресивен клуб треба да се води и маркетиншки да се покрива. Нивниот професионален пристап, деталните извештаи и транспарентноста на социјалните мрежи се модел кон кој Вардар треба да цели, наместо да се занимава со импровизации.

Тивко збогување: Чимбембе веќе не е вардарец

Во сенка на овие настани, Вардар ја потврди разделбата со Ворен Чимбембе. Играчот од Конго, кој дојде со педигре од францускиот Мец и требаше да биде носител, си заминува неславно.

Со само 7 настапи и еден гол, Чимбембе не ги оправда очекувањата и се покажа како уште едно промашено засилување во низата.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено