Светскиот рекет број еден, Јаник Синер, продолжува на победничкиот пат кон одбраната на титулата на Отвореното првенство во Њујорк. Тој денес го совлада Денис Шаповалов со 3:1.
Откако Синер го изгуби првиот сет со 7-5, во следните три славеше со 6-4, 6-3, 6-3, со што се приклучи на тенисерите кои веќе влегоа во осминафиналето на турнирот.
Јаник Синер со оваа победа стана четвртиот најмлад тенисер кој успеал да дојде до 20 победи на УС Опен, после Рафаел Надал, Борис Бекер и Новак Ѓоковиќ.
Jannik Sinner’s US Open title defense is still alive! pic.twitter.com/e2bbmiqdf4
— US Open Tennis (@usopen) August 30, 2025
Денес на Синер му се приклучи и Мусети, кој службено го доби мечот со сонародникот Коболи, откако тој се откажа поради повреда во третиот сет. Сепак, Мусети веќе водеше со 2:0 во претходните и 2-0 во сетот во кој се откажа противникот.
Мусети сега во осминафиналето ќе се сретне со Хауме Мунар, кој денес го совлада Жижу Бергс со 3:1, или 6-1, 6-4, 6-4 во сетови.
Nothing but respect ❤️🩹
Get well soon, Flavio! pic.twitter.com/DhE3BB3peJ
— US Open Tennis (@usopen) August 30, 2025
И Швајцарецот Леандро Риеди денес се пласираше во осминафиналето со службен резултат, откако противникот Камил Мајчржак се откажа уште во првиот сет, при резултат од 5-3 во корист на Швајцарецот.



