НБА лигата официјално ги објави имињата на тројцата финалисти за најпрестижната индивидуална награда, МВП (Најкорисен играч) за сезоната 2025-26. Иако листата содржи импресивни имиња, таа предизвика вистински револт кај љубителите на кошарката поради отсуството на еден човек – Лука Дончиќ.
За титулата најдобар ќе се борат ланскиот победник Шеи Гилџус-Александер (Оклахома Сити), трикратниот освојувач Никола Јокиќ (Денвер) и младото чудо Виктор Вембањама (Сан Антонио).
Најдобриот стрелец во лигата остана без финале
Одлуката на гласачите да го изостават Дончиќ е во најмала рака контроверзна. Словенецот зад себе остави историска сезона во која доминираше во речиси секој статистички параметар, но очигледно ниту тоа не беше доволно за влез во најтесниот круг.
Погледнете ги бројките на Лука оваа сезона кои гласачите решија да ги игнорираат:
- 33.5 поени по натпревар – Убедливо прв стрелец во целата НБА лига.
- 8.3 асистенции – Трет најдобар асистент во лигата.
- 1.6 украдени топки – Шести во лигата.
- 7.7 скокови – Неверојатен учинок за еден бек.
Иако Дончиќ успеа да ја добие жалбата за правилото од „65 одиграни натпревари“ и се најде на официјалното гласачко ливче, оние кои го имаат последниот збор решија дека неговата брутална поентерска сезона вреди помалку од достигнувањата на СГА, Јокиќ или дебитантот Вембањама.
Целосната листа на финалисти за наградите во сезоната 2025-26:
Во продолжение ви ги претставуваме сите кандидати за индивидуалните признанија кои ќе бидат доделени во наредните денови:
МВП (Најкорисен играч):
- Шеи Гилџус-Александер (Оклахома Сити Тандер)
- Никола Јокиќ (Денвер Нагетс)
- Виктор Вембањама (Сан Антонио Спурс)
Дефанзивец на годината:
- Чет Холмгрен (Оклахома Сити Тандер)
- Осар Томпсон (Детроит Пистонс)
- Виктор Вембањама (Сан Антонио Спарс)
„Clutch“ играч на годината:
- Ентони Едвардс (Минесота Тимбервулфс)
- Шеи Гилџус-Александер (Оклахома Сити Тандер)
- Џамал Мареј (Денвер Нагетс)
Најдобар дебитант (Rookie) на годината:
- Ви-Џеј Еџкомб (Филаделфија 76ерс)
- Купер Флег (Далас Маверикс)
- Кон Кнупел (Шарлот Хорнетс)
Најдобар шести играч:
- Тим Хардавеј Џуниор (Денвер Нагетс)
- Хајме Жакез Џуниор (Мајами Хит)
- Келдон Џонсон (Сан Антонио Спарс)
Играч кој најмногу напредувал:
- Никил Александер-Вокер (Атланта Хокс)
- Дени Авдија (Портланд Трејл Блејзерс)
- Џејлен Дурен (Детроит Пистонс)
Тренер на годината:
- Џеј-Би Бикерстаф (Детроит Пистонс)
- Мич Џонсон (Сан Антонио Спурс)
- Џо Мазула (Бостон Селтикс)



