14.8 C
Skopje

Јунајтед со добри вести пред дербито со Челси, Маунт и Куња се враќаат

Објавено:

Манчестер Јунајтед влегува во саботниот голем дуел со Челси на Олд Трафорд со значајни позитивни вести околу составот. Како што потврди тренерот Рубен Аморим на прес-конференцијата во Карингтон, во тимот се враќаат Мејсон Маунт и Матеус Куња, кои го пропуштија дербито со Манчестер Сити поради повреда.

“Маунт е во составот. Куња е во составот. Далот е надвор, Лича (Лисандро Мартинез) сè уште е повреден. Тоа е моменталната состојба”, изјави Аморим на конференцијата.

Диого Далот останува надвор од комбинација по проблемот со повредата со која се здоби на репрезентативните обврски со Португалија, а Лисандро Мартинез продолжува со рехабилитацијата по операцијата на коленото.

Постепено се враќа и Тајрел Малација, кој веќе тренира со У21 екипата на Јунајтед и наскоро би можел да биде во конкуренција за настапи во Премиер лигата.

 

Вести од таборот на Челси

“Сините” на Енцо Мареска сè уште се без пораз во Премиер лигата, но неделава беа совладани од Баерн Минхен со 3:1 на стартот од Лигата на шампионите. Рис Џејмс доби улога во средниот ред против Германците, но можно е повторно да се врати на својата позиција на десен бек.

Кол Палмер е целосно подготвен, постигна гол и одигра 90 минути против Баерн. Мареска најави дека размислува и за вклучување на Естевaо, кој е голем талент и може да покрие повеќе позиции во нападот.

“Естевaо и Палмер можат да играат и по крилата и зад напаѓачот. Среќен сум што ги имам двајцата”, изјави Мареска.

Се очекува и Алекс Гаpначо да добие шанса од првата минута против својот поранешен клуб.

Челси во овој меч ќе биде без Леви Колвил, Лиам Делап, Михајло Мудрик, Рахим Стерлинг и Аксел Дисаси.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено