Како изгледа АТП листата после Вимблдон

 

Објавено:

Со вчерашното финале се збогувавме со еден од најголемите тениски турнири, а перформансите на тенисерите на тревниот терен придонесоа за измени на АТП листата.

На врвот првите три места остануваат непроменети, а таму лидер е победникот и на Вимблдон, Јаник Синер. По него следуваат Карлос Алкараз и Александер Зверев.

Првата промена ни доаѓа на четвртото место, каде се искачи Тејлор Фриц за една позиција, односно ја замени позицијата на петтото место со Џек Дрејпер кој после Вимблдон падна за една позиција.

Непроменети остануваат рангирањата на Новак Ѓоковиќ на шесттото, Лоренцо Мусети на седмото и Холгер Руне на осмото место. Бен Шелтон со скок за едно место се најде на деветтата позиција, додека најголем напредок има Андреј Рублев кој се искачи за дури четири места за да ги заокружи најдобрите 10 тенисери на АТП листата.

Извор: https://x.com/usopen
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено