Со вчерашното финале на Светското клупско првенство, заврши првото издание на турнирот во новиот проширен формат. Челси ја освоија титулата, па логично на тоа и нивните играчи доминираат во идеалниот тим на првенството.
Во дрим-тимот на турнирот кој денес го објави “DAZN”, се најдоа дури четворица фудбалери од Челси – Кол Палмер, Педро Нето, Енцо Фернандез и Марк Кукуреља.
По бројноста на играчи во идеалниот тим, втори се финалистите од ПСЖ, а нивни претставници се Хакими, Витиња и Маркињос.
Од другите тимови, на листата се и двајца играчи на Флуминенсе, капитенот Тијаго Силва и Аријас, а потоа со по еден претставник следуваат – голманот на Ал-Хилал Боно и младата надеж на Реал Мадрид Гарсија.




