11.8 C
Skopje

Како изгледа табелата на Премиер лигата после четвртото коло

Објавено:

Да… Арсенал се втори 🙂 Шегата на страна, овој викенд ни донесе нови мечеви и возбудливи дуели во најдобрата англиска лига, а на крајот на четвртото коло, Ливерпул се лидери на табелата со 12 поени, откако победија со уште еден гол во последните минути на гостувањето кај Барнли.

Арсенал кој одиграа одличен натпревар за победа од 3:0 над Нотингем Форест на домашен терен, сега се втори на табелата со 9 поени, а исто толку имаат и Тотенхем и Борнмут.

Светските шампиони Челси паднаа на петтото место на табелата со 8 поени, откако изиграа изедначено против Брентфорд со резултат 2:2.

На шесттото место се Евертон со седум поени, а исто толку имаат и повратниците во Премиер лигата, Сандерленд. Манчестер Сити и покрај победата над градските ривали Јунајтед се само на осмата позиција, додека десетката ја заокружуваат Кристал Палас на деветтото и Њукасл Јунајтед на десеттото место.

Извор: https://x.com/premierleague

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено