Како изгледа табелата после првото коло во Премиер лигата

 

Објавено:

Викендов заврши долгото лето за љубителите на англискиот фудбал, а на нивно големо задоволство на екраните се вратија натпреварите од Премиер лигата. После неколкуте турбулентни трансфери летово, дел од екипите се вратија на терен со нови играчи, дел без некои од играчите, но сите со една иста цел – да постигнат што подобри резултати во сезоната што претстои.

Со последниот меч вечерва кој го одиграа Лидс Јунајтед и Евертон, се затвори и првото коло, па сега ја имаме и конечната табела. И ако веднаш побрзавте да видите, не – Арсенал не се втори… барем не сè уште. Но, Манчестер Јунајтед повторно се 15-ти, резултат со кој завршија лани на табелата, во можеби најлошата сезона во модерната историја на клубот.

Најдобри во викендот за отворање на сезоната беа Манчестер Сити, кои ги совладаа Вулвс со 4:0, а изненадувачки втори се повратниците во Лигата, Сандерленд, кои на натпреварот после осум години назад во првата лига, ги совладаа фаворизираните Вест Хем со дури 3:0.

Погледнете ја моменталната табела во Премиер лигата.

Извор: https://x.com/premierleague/
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено