Враќањето на Премиер лигата после интернационалната пауза донесе драма и неочекувани резултати, а табелата после осмото коло донесе некои промени.
Арсенал го задржаа првото место на табелата, а Ливерпул доживеаја пад на четвртото место, со што тимот на Арне Слот влезе во криза после трите изгубени последователни мечеви во елитното натпреварување.
Шампионите го доживеаја првиот пораз на домашен терен од Манчестер Јунајтед после повеќе од десет години, што беше момент на воздишка за Рубен Аморим.

Манчестер Сити сега се втори, понесени на крилјата на маестралниот Ерлинг Халанд, кој е можеби и најдобриот светски напаѓач во моментов, во конкуренција со Килијан Мбапе и Хари Кејн.
Тотенхем ја испушти шансата после поразот дома од Астон Вила, а поразот од Челси значеше отказ за тренерот на Нотингем Форест, Постекоглу.
После вечерашниот пораз Вест Хем се во подлабоки маки на дното на табелата, а Вулвс се последни откако не успеаја да победат на ниту еден меч од првите осум сезонава.




