1.8 C
Skopje

Како изгледаа одблизу Лего трофеите за Силверстоун

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

На вчерашната трка во Формула 1, која се одржа на легендарната патека Силверстоун, беа доделени уникатни трофеи направени целосно од Лего коцки.

Победникот Ландо Норис доби позлатен трофеј, составен од преку 2.717 лего коцки, кој тежи преку 2 килограми.

За второто и третото место, односно Оскар Пијастри и Нико Хулкенберг беа обезбедени бели Лего трофеи со црвени и сини детали, соодветно на местото. Хулкенберг кој прв пат освои трофеј во Формула 1, после 15 години кариера, се пошегува дека на ќеркичката многу ќе и се допадне токму поради тоа што е направен од коцки.

Најдобрите механичари од Мекларен не беа изоставени од добивање на ваков уникатен трофеј, па тие добија тегет трофеј со позлатени елементи.

 

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено