Како помина вториот ден од Премиер лигата: Сити, Њукасл, Тотенхем…

 

Објавено:

Во рамките на првото коло од Премиер лигата, на вториот ден од натпреварувањата вчера се одиграа пет мечеви.

Манчестер Јунајтед доминантно го совлада домаќинот Вулвс, со резултат од 4:0, а овој натпревар го одбележа сеќавањето на поранешниот играч на Вулвс, Диого Жота.

Халанд постигна два погодоци, во 34-та и 61-та минута, започнувајќи ја силно новата голгетерска сезона. Другите два гола им припаднаа на новите засилувања во Сити, па Реијдерс кој дојде летово од Милан го постигна погодокот во 37-та минута, а последниот гол на натпреварот му припадна на Рајан Черки во 81-та минута.

Астон Вила и Њукасл го одиграа единствениот натпревар без голови во вчерашниот ден, а гостинскиот тим го одигра мечот без спорниот напаѓач Александер Исак.

Брајтон и Фулам го одиграа вториот нерешен резултат во денот, но овој пат со по еден постигнат погодок на двете страни. За Брајтон стрелаше Мет О’Рајли од пенал во 55-та минута, додека Фулам успеа да израмни во последните моменти од мечот преку голот на Родриго Муниз во 97-та минута.

Тотенхем во новиот состав успеа да покаже вистинска доминација над Барнли, па ги совлада гостите со резултат од 3:0. Ричарлисон блесна на натпреварот со постигнати два погодоци, во 10-та и 60-та минута, а конечниот резултат го заокружи Бренан Џонсон во 66-та минута.

Можеби најголемо изненадување во вчерашниот ден приреди повратникот во Премиер Лигата, Сандерленд, кој на чело со Гранит Џака успеа да го совлада фаворитот Вест Хем на домашен терен со 3:0.

Сите голови беа постигнати во вториот дел од натпреварот, а прв низата ја започна Мајенда во 61-та минута. Потоа следуваа Балард во 73-та и Исидор во 92-та минута.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено