14.8 C
Skopje

Како што најавивме, Чупиќ се враќа “дома” во Вардар

Објавено:

Како што веќе најавивме пред два дена, Иван Чупиќ се враќа во РК Вардар, но овој пат на тренерската позиција. Легендарниот хрватски ас ќе застане на кормилото на двократниот европски шампион откако раководството на клубот експресно му врачи отказ на Аргентинецот Гиљермо Милано по болниот пораз од Еурофарм Пелистер и загубената титула, а официјалната промоција на позицијата е закажана за во петок.

Чупиќ кој е миленик на македонските навивачи беше дел од легендарниот тим на “црвено-црните” кога Вардар ја израдува македонската јавност со две европски титули во престижната ракометна Лига на шампиони.

Сега, во една поинаква улога во клубот, неговата задача ќе биде да го врати шампионскиот менталитет на тимот, а се шпекулира дека во тоа би можел да му помогне уште еден поранешен Вардарец, Игор Карачиќ како спортски директор на клубот.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено