Каков татко, таков син: Ивица Костелиќ и 10-годишниот Иван скокаат од 10 метри!

Објавено:

Легендарниот хрватски скијач Ивица Костелиќ не само што воодушевуваше со своите спортски подвизи, туку сега на своите деца им ја пренесува и суштината на она што спортот го нуди: љубовта кон предизвикот, природата и храброста. Неговото скокање од карпите на Одисеевата пештера со синот не е само момент на чист адреналин, туку и вистинска животна лекција.

Додека некогаш Ивица и Јаница Костелиќ на островот Мљет се подготвуваа за олимписки триумфи, денес Ивица го користи истото магично опкружување за нешто уште поскапоцено, создавање незаборавни спомени со своите деца.

Генетиката во акција: Синот Иван ги следи стапките на таткото

Да потсетиме, токму на Мљет, Анте Костелиќ, нивниот татко и тренер, ги калеше за спортски успех. Ивица и Јаница без никаков проблем скокаа од десетметарска карпа, а таа храброст очигледно ја наследил и неговиот син Иван (10). Уште како петгодишник, Иван скокал од мол изведувајќи салто во воздух – потег кој гордиот татко го документираше на социјалните мрежи.

Ивица неодамна сподели и заеднички фотографии од скоковите, покажувајќи ја силната врска меѓу нив. “Татко и син го прават она што татко и син обично го прават”, кратко и јасно го опиша Ивица овој храбар подвиг.

Покрај Иван, тој има уште еден син, осумгодишниот Леон, кој е талентиран фудбалски голман, а со сопругата Елин се родители и на две ќерки, Кате и Јана.

Гостинска статија на Марија Петровска

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено