Македонскиот тениски херој Калин Ивановски повторно го покажа својот шампионски карактер! Во еден од најдраматичните мечеви во неговата досегашна кариера, Ивановски успеа да се врати од работ на поразот, да спаси две меч-топки и со пресврт да го совлада Бугаринот Јанаки Милев, обезбедувајќи си пласман во големото финале на Macedonian Open 2026.
„Еден од најтешките мечеви во кариерата“
Публиката на терените во Скопје беше сведок на вистинска тениска „војна“ која траеше 2 часа и 42 минути. Ивановски поведе во сетови (6:4), но во вториот сет Милев ја презеде контролата и со серија од четири гема израмни на 1:1 (6:2).
Вистинската драма се случи во одлучувачкиот трет сет. При водство на Милев од 5:4 во гемови и сервис на Ивановски, Бугаринот дојде до две меч-топки. Во тие моменти, кога многумина помислија дека крајот е близу, Калин покажа зошто е македонски број 1. Со неверојатна серија од 12 освоени поени во последните 14, тој не само што го спаси својот сервис, туку доминираше до самиот крај за конечни 7:5 во одлучувачкиот сет.
„Навистина е дека одиграв еден од најтешките мечеви во мојата кариера. Успеав да се вратам кога беше најтешко. Имам голема цел – сакам да се вратам таму каде што бев и повторно да се пласирам на Гренд слем турнир“, изјави Ивановски веднаш по исцрпувачката победа.
Поход кон 11-та титула
Ова финале е второ за Ивановски во последните две недели, а вкупно 11-то во неговата кариера (досега има 5 титули). Во утрешниот меч за трофејот, Калин ќе се соочи со Украинецот Владислав Орлов, кој во своето полуфинале покажа одлична форма.
Ивановски е во налет, а со поддршката од домашната публика, утрешната битка на Macedonian Open ќе биде одлична прилика Калин да го збогати своето витрини со нов пехар и да испрати уште посилна порака до светската тениска елита.



