Калум Вилсон потпиша за Вест Хем по заминувањето од Њукасл

 

Објавено:

По завршетокот на неговата кариера во Њукасл, искусниот англиски напаѓач Калум Вилсон ја продолжува кариерата во редовите на Вест Хем Јунајтед. Договорот со клубот од источен Лондон е потпишан на една година и е базиран на силни бонуси, што е рефлексија на неговата форма и физичка подготвеност во последните сезони.

33 годишниот Вилсон, кој има девет настапи за англиската репрезентација, го напушти Њукасл по истекот на договорот на 30 јуни. Двете страни разговараа за нов договор, но не успеаја да се договорат околу условите, особено поради желбата на клубот од североистокот на Англија за уште поголема варијабилност во платата.

Вилсон пристигна во Њукасл во летото 2020 од Борнмут, каде што претходно соработуваше со Еди Хау. За “црно-белите” одигра вкупно 130 натпревари и постигна 49 голови. Неговата најдобра сезона беше 2022/23, кога постигна 18 голови во Премиер лигата. Но, повредите го спречија да ја повтори таа форма, па минатата сезона ја започна со повреда на грбот, а подоцна се соочи и со проблем со задната ложа. Сезоната ја заврши со само еден погодок во 22 настапи во сите натпреварувања, при што главно беше во сенка на Александер Исак.

Извор: https://x.com/WestHam

Во Вест Хем, Вилсон доаѓа како замена за клубската легенда Микаил Антонио, кој си замина по истекот на договорот. Новиот менаџер Греам Потер има јасна визија за тимот, а доведувањето на Вилсон ја пополнува важната позиција на класичен централен напаѓач со богато искуство во Премиер лигата.

Со своето голгетерско искуство, дури и по неколку потешки сезони, Вилсон би можел да биде од клучно значење за новата ера на Вест Хем под водство на Потер.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено