Легендата на Рома, Даниеле Де Роси, се враќа на тренерската работа. По пауза од 14 месеци, 42-годишниот стратег денеска е официјално претставен како нов тренер на Џенова.
Ова е враќање за Де Роси по неговиот прв голем ангажман, кој заврши неславно кога доби отказ од „својата“ Рома во септември 2024 година, по катастрофалниот старт на сезоната без победа на четири натпревари.
Од Џенова официјално потврдија дека новиот тренер веќе се сретнал фудбалерите, а и веќе го водел првиот тренинг попладнево.
Ова е трет тренерски предизвик за „Капитан Футуро“, кој претходно имаше кратка епизода во СПАЛ (2022-2023) , пред да ја преземе Рома, со која стигна до полуфинале во Лига Европа.
📍Tutte le strade portano a Zena 🏴 pic.twitter.com/n3MQpXqOFS
— Genoa CFC (@GenoaCFC) November 6, 2025
Клубот му се заблагодари на привремениот тандем Роберто Мургита и Доменико Кришито за „приврзаноста кон боите на клубот“ и го најави официјалното претставување на Де Роси за в петок.
DD𝑅𝑒𝒹 & 𝐵𝓁𝓊𝑒 🔴🔵 pic.twitter.com/YnxRII1rEB
— Genoa CFC (@GenoaCFC) November 6, 2025
Следете нè: Facebook | Instagram | X



