Капитенот играше сам против сите. Кузмановски со 15 гола, Пелистер со само бод од Полска!

 

Објавено:

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го освоија првиот бод во новата сезона од Европската лига, откако на гостувањето во Полска одиграа реми 31-31 против Вибжеже Гдањск. Иако македонскиот шампион одигра одличен натпревар и во финишот имаше сè во свои раце, падот на концентрацијата во последните минути ги чинеше важна победа на европската сцена.

Драма во финишот и испуштена предност

Натпреварот започна со водство на домаќините од 2-0, но „зелено-белите“ брзо возвратија со серија од четири гола и направија целосен пресврт. Во првото полувреме се играше брзо и ефикасно, гол за гол, а на пауза битолчани заминаа со минимална предност од 16-17.

Клучниот момент за Пелистер се случи во вториот дел кога тимот предводен од клупата од Лино Червар успеа да се одлепи и да стигне до највисока предност од четири гола разлика (20-24). Битолскиот состав рутински го одржуваше водството, влегувајќи во последните пет минути со сигурни 28-31.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Сепак, наместо мирен крај, следуваше несфатлив пад во играта. Битолчани не постигнаа ниту еден погодок до самиот крај, а исклучувањето на Павле Атанасијевиќ во критичен момент им даде крила на домашните. Вибжеже Гдањск со серија од три гола стигна до 31-31 на влезот во последната минута, па дури имаше и напад за победа кој за среќа не го реализираше откако ударот на Гебала остана без реализација.

Капитенска лекција на Кузмановски и блесок на Н’Танзи

Овој натпревар ќе остане запаметен по апсолутната доминација на капитенот Филип Кузмановски. Тој одигра монструозна партија, постигнувајќи неверојатни 15 гола од 19 обиди, преземајќи ја комплетната одговорност во клучните моменти од средбата.

Огромна поддршка му пружи последното засилување Саду Н’Танзи, кој уште еднаш покажа дека е одлично вклопен во тимот, завршувајќи го мечот со 7 гола. На голот, Саид Хеидарирад забележа 11 интервенции, но тоа за жал не беше доволно за цел плен. Следниот предизвик за Еурофарм Пелистер ќе биде тешкото гостување во Германија против Гумерсбах на 13 октомври, каде битолчани повторно ќе настапат без суспендираниот Ник Хенигман.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено