4.8 C
Skopje

Катастрофа за Верстапен на домашната трка на Ред Бул!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

После многуте најави за некаква надеж за успех на Ред Бул на домашната трка за Големата награда во Австрија, вчерашните квалификации покажаа дека можеби таа надеж не е реална, за денес сосема да исчезне откако Макс Верстапен прерано ја заврши трката уште на самиот старт после судирот со Кими Антонели.

Дебитантот на Мерцедес, младиот Италијанец направи голема грешка во третата кривина, која беше последица на закочување на задното тркало. Поради техничкиот проблем, Антонели директно се судри со Макс Верстапен, по што трката беше завршена и за двајцата шофери.

Ова е уште еден проблем сезонава за Ред Бул, а шансите за петтата шампионска титула на Макс Верстапен се намалуваат од трка во трка, и покрај неговото извонредно возење, што може дополнително да ги зголеми неговите фрустрации и размислувањата да си замине од моменталниот клуб на крајот на оваа сезона.

Погледнете го инцидентот на стартот на трката меѓу дебитантот Антонели и Верстапен.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено