Кипарскиот селектор со голем респект за квалитетот на Македонија: „Знаеме колку е тешка мисијата“

 

Објавено:

Кипарската кошаркарска репрезентација пристигнува во Скопје со голема почит кон квалитетот на домаќинот, но и со желба да покаже дека одличниот старт во вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот 2029 не бил случајност. Утре (четврток, 26 ноември) од 18:00 часот во спортската сала „Лазар Лечиќ“ силите ќе ги одмерат двете селекции кои го отворија циклусот со победи против Австрија, што на средбата ѝ дава посебна тежина.

Во пресрет на гостувањето во македонската престолнина, селекторот на Кипар, Панајотис Јанарас, реално ја согледува силата на нашиот национален тим, но порачува дека неговите кошаркари нема да се предадат без борба.

Почит за македонските кошаркари од Евролигата и Еврокупот

Јанарас отворено признава дека гостувањето кај Македонија претставува исклучително тежок тест, пред сè поради искуството и европското реноме на клучните играчи во составот на Жозеп Марија Берокал.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

„Мораме да се соочиме со репрезентација и со кошаркари кои настапуваат на многу високо ниво, како во Евролигата и Еврокупот, и воопшто играчи со голема вредност. Добро сме свесни колку е тешка нашата мисија. Сепак, нашите кошаркари ќе дадат сè од себе за да го извлечеме максимумот од претстојните два натпревари“, изјави кипарскиот селектор.

Победата над Австрија донесе нова динамика во кипарскиот табор

Иако улогата на фаворит ја препушта на домаќинот, Јанарас нагласува дека утрешната средба во Скопје е одлична можност неговата селекција да го потврди напредокот и самодовербата стекната по триумфот против Австрија.

„Верувам дека натпреварот против Македонија е многу важен за нас. Сакаме на паркетот да покажеме дека победата над Австрија ни донесе нова динамика како национален тим“, порача Јанарас.

Утрешниот дуел во салата „Лазар Лечиќ“ ќе покаже дали Македонија пред домашната публика ќе го потврди евролигашкиот и еврокуп-квалитетот за кој зборува противничкиот селектор и со втор триумф ќе направи огромен чекор кон главните квалификации за Европското првенство во 2029 година.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено